Десетици илјади лица протестираа во Авганистан против пренасочување на далновод
Десетици илјади лица протестираа во Кабул против пренасочување на важен далновод, јави ДПА.
Демонстрантите бараат да бидат почитувани првичните планови од 2013 година и далноводот, кој треба да пренесува електрична енергија од Узбекистан, Таџикистан и Туркменистан да минува низ провинцијата Бамиа.
Претходно Владата одлучи да го пренасочи, а информацијата за промената сепак се појави пред околу три недели и оттогаш неадоволството во провинцијата се повеќе се зголемува.
Учесниците во денешните протести, од кои повеќето се од најголемото авганистанско етничко малцинство Хазарејци и многумина од нив пристигнаа од Бамиа, беа спречени на патот кон претседателската палата.
Некои од нив се качија на зградата на министерство, кое се наоѓа во близина на палатата, а полицијата отвори предупредувачки оган, што предизвика паника, при што беа ранети неколку лица.
Меѓу демонстрантите е забележан и поранешниот заменик-претседател и хазарејски лидер Карим Халили и уште неколку влијателни лидери на оваа етничка група.
Според демонстрантите, провинцијата била игнорирана во изминатите 14 години.
Ново на Сител
-
Црвен Крст: Апел за помош за настраданото население од поплавите во Босна и Херцеговина
-
Скопје: Со возило полно мигранти бегал од полиција, па удрил во бетонски столб
-
Посебен режим на сообраќај во понеделник во Скопје
-
Трагедија во Гостивар - Почина 6-годишно дете, откако му се слошило на тренинг
-
Мицкоски: Целосно се реконструира граничниот премин Деве Баир, дел од Коридорот 8
-
Царинската управа запленила 36 килограми марихуана и голема количина лекови
-
Едно лица загина во сообраќајна несреќа на патот Струмица-Валандово, кај село Костурино
-
Мицкоски: Унгарскиот претседател Орбан понудата ја даде во име на претседателствувањето со ЕУ