Салах Абдеслам објавил фотографија со знамето на ИД три недели пред нападот во Париз

Три недели пред ноемврискиот напад во Париз, Салах Абдеслам на социјалните мрежи објавил фотографија со знамето на Исламска држава, објави белгиската телевизија РТБФ.
Фотографијата била забележана од Координативното тело за анализирање на заканите, но не биле преземени никакви мерки ниту од страна на полицијата, ниту од разузнавањето.
Знамето на ИД било објавено на профилот на Абдеслам на 23 октомври 2015 година.
Тоа е уште еден знак за припадноста на Салах кон ИД, иако до самиот напад и двајцата браќа Абдеслам не биле контактирани од службите.
Информатор на полицијата во Моленбек уште во јануари 2015 година доставил информација за браќата, меѓу кои и за нивните врски со Абауд, кој се смета за лидер на огранок на групацијата во градот Вервие, наведува РТБФ.
Ново на Сител
-

Приведен Бака Прасе? Маскирани лица упаднале во неговиот стан и го одвеле
-

Водата во Скопје е безбедна за пиење
-

Акциска контрола за брзо возење - за шест часа констатирани 708 прекршоци
-

Реализирани 750 исплати денеска во „Алта банка“ во Битола, Струмица и Тетово, овозможени и уплати за комуналии и отплата на кредити
-

АХВ и Ветеринарната комора партнерски ќе бараат решенија за предизвиците
-

Американец ја тужи АИ: Чет-ГПТ и помагал на мојата сопруга да испланира како да ме убие
-

Релативно топло со повремен локален дожд до сабота, од недела заладување и стабилизирање на времето
-

Трамп призна дека претерал со депортациите и дека тоа му наштетило на изборите
