Изминатите 24 часа седум сообраќајки во Скопје и седум повредени

Седум сообраќајни незгоди, од кои четири со последица материјална штета и три со последица телесна повреда, во кои со полесни повреди се здобиле седум лица се случиле во текот на изминатите 24 часа на подрачјето на СВР Скопје.
Како што информира за МИА Сашо Дамјановски главен инспектор од СВР - Скопје, во текот на изминатиот ден по спроведените контроли над учесниците во сообраќајот од страна на сообраќајната полиција, откриени и санкционирани се поголем број на прекршоци.
Дванаесет возачи не ги почитувале ограничувањата на брзината на движење, пет возачи го управувале возилото под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, двајца возачи поминале на црвено светло на семафор и шест возачи за време на управување на возилото не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон. Затекнати се и 10 лица со необновена регистрација на возилото, двајца пешаци сториле прекршоци по разни основи и 17 возила непрописно паркирани.
Со помош на специјалното возило во текот на изминатиот ден отстранети се 32 возила.
Во делот на превентивните активности денеска ќе се одржат едукативни работилници во автобус на ЈСП со учениците од трето одделение во „Јан Амос Коменски“ и едукативна работилница со учениците од второ одделение во ОУ „Крсте Мисирков“, општина Гази Баба.
Ново на Сител
-

Силекс и Брегалница ремизираа
-

Зеленски: Русија за една недела лансираше 2.100 дронови
-

Трамп тврди дека „негативните сили“ претеруваат во загриженоста околу вештачката интелигенција
-

Полска вознемирена откако Русија нападна воз од Киев за Варшава
-

Избрана нова влада на Косово, во ист состав како претходната
-

ДИК: Поднесени шест кандидатски листи за градоначалник на Општина Брвеница
-

Драматичен обид за бегство на криумчари кај Блаце, полицаец влечен за рака со возило
-

Старт на „Безбеден град“ во Велес, веќе за ден и пол околу 150 казни
