Штајнмаер: Да се најде пат кон политичкиот процес во Сирија

Во Виена денека се одржува конференција за Сирија, на која учествуваат шефовите на дипломатиите на повеќе од 20 земји, а целта е враќање на сириската опозиција на преговарачката маса.
- Мораме да најдеме пат назад кон политичкиот процес, порача шефот на германската дипломатија Франк Валтер Штајнамер.
Тој истакна дека од последниот состанок на Меѓународната група на поддржувачи на Сирија во Минхен, пред три месеци, имало одредено смирување на борбите, но истовремено нагласи дека судирите околу Алепо ги намалуваат надежите во примирјето.
- Во текот на разговорите во Виена на опозицијата треба да и се понудат подобри услови за примирје, како и подобрување на хуманитарната помош, со цел да биде придобиена да се врати на преговарачката маса за да разговара со режимот за политичките промени во Сирија, изјави Штајнмаер.
Според него, денешниот состанок треба да послужи за разговор за воспоставување насоки за преодна влада.
Состанокот почна изутрината зад затворени врати и ќе трае, како што е најавено до доцна попладне, а меѓу учесниците се САД, Русија, Кина, Германија, Франција, Велика Британија, Италија, како и соседите на Сирија, Турција, Саудиска Арабија и Иран. На состанокот учествуваат и претставници на Обединетите нации, Европската унија, и Арапската лига.
Ново на Сител
-

Путин не ја исклучува можноста за зближување со Европа
-

Рубио: САД очекуваат воената операција во Иран да заврши за неколку недели
-

МВР веднаш го расчисти денешното убиство во Охрид, приведен осомничениот за стореното кривично дело
-

Burnout - Тивко Согорување | Розалија Секулоска | Sitel Podcast
-

Иран соопшти дека се нападнати две нуклеарни постројки
-

Хакерски упад во електронската пошта на директорот на ФБИ
-

Обилните дождови предизвикаа поплави во повеќе градови во ОАЕ
-

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари
