Конференцијата во Париз за Блискиот Исток се одлага за на лето
Францускиот претседател Франсоа Оланд денеска соопшти дека меѓународната конференција за Блискиот Исток, што беше закажана за 30 мај во Париз, се одлага за во текот на летниот период.
- Државниот секретар на САД Џон Кери не може да присуствува на 30 мај и поради тоа конференцијата се одлага за во текот на летниот период, објасни Оланд.
Се очекува на министерската конференција во Париз да се разговара за начините за оживување на израелско-палестинскиот мировен процес.
- Таа иницијатива е неопходна, бидејќи ако не се случи ништо, ако Франција не излезе со силна иницијатива, што ќе се случи? Колонизацијата, нападите, терористичките напади и големиот број на конфликти ќе продолжат, а Палестинците ќе одат во Советот за безбедност, истакна Оланд.
Предевидено е на форумот да се соберат претставници на дваесет земји, ЕУ и ОН, но Израел и Палестинците не се поканети.
Ако се постигне успех на конференцијата, ќе се даде можност да биде подготвена втора меѓународна конференција во втората половина на 2016 година, на кој ќе присуствуваат и израелски и палестински претставници.
Францускиот министер за надворешни работи Жан Марк Еро во неделата го посети Ерусалим, при што му беа упатени остри забелешки по повод најавената конференција во Париз од страна на израелскиот премиер Бенјамин Нетанијаху, кој изрази и сомнеж во врска со француската „непристрасност“, имајќи го предвид неодамнешното гласање на Франција за прием на „Палестина“ во УНЕСКО.
Ново на Сител
-
Уапсена 42 годишна жена, со „цитроен“ удрила во пешак и избегала
-
Намалена видливост поради појава на магла на повеќе патни правци низ Македонија
-
Русите извршија ракетен напад врз историскиот центар на Одеса
-
Се утврдува намалениот промет од бојкотот на маркетите, решение за високите цени низ дијалог
-
Повици за одговорност за смртта на Фросина, законски измени за поголеми казни во сообраќајот
-
Шест лица загинаа при пад на авион за превоз на пациенти во Филаделфија, меѓу патниците имало девојче
-
Почувствуван земјотрес во Скопје
-
Сончево со локална облачност