-->
-->
Клоп: Убеден сум ќе се вратиме посилни
-->

Тренерот на Ливерпул Јирген Клоп ја презема одговорноста за поразот од Севиља синоќа во финалето на Лига Европа со 3:1.
- Моја задача беше да ги подготвам фудбалерите да се справат со психолошкиот притисок што го чувствуваа пред и за време на натпреварот. Имаше притисок, а тоа најдобро се виде кога противникот изедначи на 1:1. Се се смени на теренот. Ја изгубивме самодовербата. Имав верба дека можеме повторно да поведеме и да стигнеме до трофејот, но тоа не траеше долго. Но, како што реков, јас сум единствениот одговорен за тоа. Не дозволувам да се критикуваат играчите, изјави Клоп.
Германецот додаде дека крајниот исход покажал дека развојот на Ливерпул не е толку добор како што се надевал.
- Мораме да продолжиме каде што застанавме. Да учиме на грешките и да го искористиме ова искуство. Сега сум разочаран, но убеден сум дека ќе се вратиме посилни, нагласи предводникот на „црвените“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Сончево и многу топло
-

Катерина Ацевска светска вицешампионка во џиу – џицу
-

ЦУК: До 18 часот 11 пожари на отворен простор, од кои три се активни - изгаснат пожарот кај село Чифлик
-

Почина таткото на Меси
-

Товарен и патнички воз се судрија во Хрватска, 19 повредени
-

Мицкоски: Карпалак е наша заедничка рана, но и наша обврска да паметиме
-

Охриѓанец на викенд отсуство од затвор ја нападнал својата мајка
-

Гостиварец со „јагуар“ прегазил осумгодишно девојче
