НАТО ги затвора очите пред волјата на мнозинството Црногорци, смета руски претставник

Црна Гора очекува да се приклучи кон НАТО до средината на 2017 година, изјави премиерот Мило Ѓукановиќ, откако неговата земја и Алијансата потпишаа протокол за пристапување и покрај загриженоста на Русија во врска со овој потег, пренесе ДПА.
- Нашите очекувања се дека сојузниците ќе ја финализираат ратификацијата што е можно поскоро, така што кон средината на следната година Црна Гора ќе може да стане полноправна членка на Алијансата, изјави Ѓукановиќ пред министрите за надворешни работи и други претставници од 28-те членки на НАТО на состанокот во Брисел.
Истовремено, Русија се закани дека ќе одговори на овој потег, поради стравувања на Москва дека присуството на НАТО се повеќе се доближува кон неа.
Висок член на рускиот парламент денеска изјави дека проширувањето на НАТО кон исток е закана за националната безбедност на Русија, историски сојузник на Црна Гора.
Сергеј Железњак, заменик-претседател на долниот дом на парламентот, исто така ја обвини Алијансата дека дејствува против волјата на граѓаните на оваа балканска земја.
- НАТО ги затвора очите пред очигледниот факт дека мнозинството од Црногорците не сакаат да се приклучат на оваа воена организација, изјави Железњак, јави ТАСС.
Тој истакна дека Алијансата убивала Црногорци, најверојатно мислејќи на бомбардирањето на НАТО во Југославија во 1999 година
Црна Гора ќе биде третата земја од Западен Балкан која ќе се приклучи кон Алијансата, по Албанија и Хрватска.
Ново на Сител
-

Објавена е првата официјална фотографија од новата серија за Хари Потер
-

Мицкоски: Од Савески очекувам да истражи како Катица Јанева ги предаде случаите од затвор
-

Силно заладување на Балканот: Хрватска под црвен метеоаларм, Србија и БиХ со предупредувања за снег и невреме
-

Славески: Денарот е стабилен, институциите се подготвени за навремена реакција
-

Резаи: Ракетите ќе преговараат со Трамп
-

Јаневска: Очекувам од 1 октомври студентите да влезат во реконструираните домови „Стив Наумов“ и „Кузман Јосифовски-Питу“
-

Утре променливо време со дожд, снег на планините и посвеж викенд
-

Предложен притвор за 21-годишник кој возејќи пијан и без дозвола усмрти пешак во Марино
