Фудбал
24. May 2016 - 7:39

Бундес лига: Ајнтрахт обезбеди опстанок

Екипата на Ајнтрахт Франкфурт обезбеди опстанок во Бундес лигата откако синоќа во ревнаш баражот успеа да го победи Нирнберг на негов терен со 1:0 и со вкупни 2:1 го совлада ривалот. Стрелец на единствениот гол беше Харис Сеферовиќ во 66 минута.

Во баражот играат 16.тиот од Бундес лигата и третиот од Втората Бундес лига, а во последните осум сезони во шест наварти победува тимот на Бундес лигата.