Пол Макартни речиси ќе ја напуштел музиката по распадот на „Битлси“

Поранешниот член на познатата ливерпулска четворка Битлси, Пол Макартни, според сопственото признание, бил депресивен по распадот на бендот и размислувал да се повлече од музиката.
Разделбата не била лесна за членовите на така популарен бенд.
- Беше тешко да се знае што да се работи после „Битлси“. Како да се продолжи после тоа, рече Пол Макартни.
Поранешниот член на „Битлси“ изјави дека се разделил од неговите долгогодишни пријатели и дека бил депресивен, јави Би-Би-Си.
Групата официјално се раздели во 1970 година со објавувањето на песната Let it Be, но несогласувањата меѓу нив почнале една година порано кога Ален Клајн стана менаџер на бендот на што Пол Макартни се противел.
Познатиот бенд од Ливерпул чии членови беа Џон Ленон, Пол Макартни, Ринго Стар и Џорџ Харисон и кои предизвикаа револуција во светот на рок и поп музиката, комерцијално се најпопуларен бенд во светот во текот на неколку години работа (1962-1970). Тие останаа многу популарни и по распадот на групата.
„Битлси“ имаат објавено 12 албуми меѓу кои еден двоен, 12 макси сингла и 22 сингла во Велика Британија.
Ново на Сител
-

Најстудено во Берово, Попова Шапка и Маврови Анови
-

Во бродска несреќа, во близина на грчкиот островот Хиос, загинаа 14 мигранти
-

Без вода делови од Центар и Чаир
-

Поведена истрага против Манделсон поради наводно оддавање информации на Епстин
-

Трамп потпиша пакет-закони со што се става крај на блокадата на американската влада
-

Мицкоски ќе се обрати на потпишувањето на договорот за поддршка на претпријатија за зелено работење
-

Сто педесет и четири години од раѓањето на Гоце Делчев
-

Променливо облачно со умерен до засилен ветер од југоисточен правец
