Детски квиз за енергетика во рамки на Училишниот проект на ЕВН Македонија

Учениците од ОУ „Манчу Матак“ од Кривогаштани се победници на детскиот квиз натпревар во знаење од областа на енергетската ефикасност што се одржа во Струга. Второто место го освои ОУ „Коле Неделковски“ од Скопје, а третопласирани се учениците ОУ „Христо Узунов“ од Охрид. Квизот е последната содржина од Училишниот проект на ЕВН Македонија за учебната 2015/2016 година.
Натпреварувачката недела почна со летната школа, на која тим составен од младинци од повеќе средни училишта во земјава, креираа и рачно ги изработија игрите за квизот. На квизот се натпреваруваа шеесет деца со стекнатото знаење во рамки на енергетските клубови, кои ЕВН Македонија оваа година ги оформи во дванаесет различни училишта низ Републиката.
Подигнување на свеста за енергетска ефикасност преку континуирана настава за разумно и безбедно користење на електричната енергија е целта на Училишниот проект, кој веќе девет години го организира ЕВН Македонија.
Преку активностите на училишниот проект, како што информира ЕВН Македонија, се креираат нови генерации на разумни корисници на електрична енергија, кај кои свеста за енергетската ефикасност ќе биде нераскинлив дел од начинот на живеење.
Преку современи методи за едукација досега над 37.000 ученици во основните училишта од четврто до шесто одделение го зголемија знаењето за потеклото на електричната енергија, начините за заштеда, како и за безбедносните мерки при нејзиното користење. Децата имаа можност преку споведување локални промотивни кампањи да научат како стекнатото знаење да го пренесат на своите родители, соученици и целата локална заедница.
Училишниот проект на ЕВН Македонија е добитник на награда за општествена одговорност и е пример за соработка меѓу приватниот и граѓанскиот сектор. Партнери во спроведувањето на проектот на ЕВН Македонија се граѓанските организации: Здружение Конект, Центар за енергетска ефикасност на Македонија (МАЦЕФ), Младински совет Охрид, Жетва на знаење од Прилеп и Планетум од Струмица.
Ново на Сител
-

Телефонски разговор Муцунски - Хоџа
-

Следните денови врнежи од дожд и посвежо
-

Комеморативен настан „Ден на сеќавање - 16 март 2025“: Да споменуваме дека имаме чета ангели на небото и да се гордееме што ги имавме со нас
-

Преживеан од трагедијата во „Пулс“: „10 дена кома и месец борба, животот е кревок, секој ден е подарок“
-

Молитва за упокоените, гласна тишина и шеесет и три столчиња во Паркот на револуцијата во Кочани
-

Изминатиот викенд 1198 сообраќајни прекршоци, уапсени 42 лица за безобѕирно управување на возило
-

Чибишев: Денот кога се случи трагедијата во „Пулс“ и наредните 30-ина дена беа еден од најтешките периоди од мојата докторска кариера
-

Ајатолахот не сакал неговиот син да го наследи, не го сметал за бистар
