Средба на директорите на ФЗОМ со делегација на Фондот за задолжително здравствено осигурување на Албанија

Законската регулатива, начинот на којшто се остваруваат правата од здравственото осигурување, особено македонскиот модел на стекнување на правото на ортопедски помагала беа во фокусот на работната средба на директорите на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, Сашо Стефаноски и Орхан Рамадани со директорката на Фондот за задолжително здравствено осигурување на Република Албанија, Вјолца Брахо.
Средбата, соопшти ФЗОМ, се одржа на иницијатива на Фондот за задолжително здравствено осигурување на Република Албанија, чии претставници изразија интерес да добијат подетален преглед и информации за реформите спроведени во Фондот за здравствено осигурување на Македонија.
На средбата беше истакнато заемното задоволство од иницијативата за соработка меѓу двата фонда, особено откако се потпиша Меѓународниот договор за социјално осигурување меѓу двете земји и се ратификуваше во Собранието на Република Македонија и Република Албанија. Стана збор и за модалитетите и механизмите за продлабочување на заедничката билатерална соработка во иднина.
На средбата присуствуваа и директорот на правен сектор Арманд Даико, директорот на сектор фармација Ахмед Хиса од ФЗОА, како и други преставници на двете институции.
Од ФЗОМ информираат дека продолжуваат да работат на обезбедување поквалитетни услуги за своите осигуреници во и надвор од Македонија.
Ново на Сител
-

Маж од скопско три дена ја киднапирал, тепал и силувал својата поранешна партнерка
-

Зеленски: Ситуацијата во Иран не ѝ дозволи на Русија да има корист од конфликтот
-

Поради зафати, делови од општина Центар утре без струја и вода
-

Владата донесе мерки за стабилизирање на цените на ѓубривата и заштита на земјоделците
-

Трамп: САД се подготвени за воена акција против Иран
-

30-годишна жена физички нападната од поранешната свекрва во струшката чаршија
-

Почина новинарката Лилјана Алтипармакова
-

Група малолетници со балон полн со вода погодиле мотоциклист, кој потоа застанал и физички ги нападнал
