-->
-->
Македонскиот филм „Три дена во Сепптември“ победник на фестивал во Берлин
-->

Македонскиот филм „Три дена во Септември“ на режисерот Даријан Пејовски е избран за најдобар филм на Филмскиот фестивал на Југоисточна Европа што се одржа во Берлин.
Меѓународното жири на фестивалот на годинашното издание на фестивалот покрај наградата за најдобар филм за македонскиот филм избра и најдобар режисер, Снежана Трибусон од Хрватска, а најдобар актер е Емир Хаџихафизбеговиќ од Босна и Херцеговина. Специјална награда доби филмот „Бота“ на режисерите Ирис Елези и Томас Логореци од Албанија.
Како што јави дописникот на МИА од Берлин, актерката Камка Тоциновска која ја глуми Марика во „Три дена во Септември“ ја доби наградата најдобра актерка според „Меѓународното жири на млади победници“ на фестивалот кое на режисерот Даријан Пејовски му ја додели и наградата за најдобар режисер .
На програмата на фестивалот чиј организатор и претседател е македонскиот уметник Јордан Плевнеш, а кое свое издание ќе има и во Париз и во Кина е и филмот „Обожение“ на авторите Светислав Подлешанов и Кирил Каракаш.
На фестивалот беше прикажан и косовскиот филм „Татко“ на Висар Морина во кој Македонскиот филмски фонд е копродуценбеа Во програмата се застапени сите балкански кинематографии меѓу кои и филмови од Бугарија, Романија и Грција.
Филмскиот фестивал на Југоисточна Европа до лани се одржуваше само во Париз, а веќе втора година и Берлин е домаќин на балканската кинематографија. Годинава партнер и домаќин на фестивалот беше Хумболд Универзитетот, една од најстарите и најугледни германски образовни институции. По Берлин фестивалот се сели во Париз каде што до 5 Јуни ќе може да го види и француската публика.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Двајца кумановци пронајдени починати во текот на една вечер
-

Млад Турчин уапсен во Охрид, осомничен за посредување во проституција
-

Вучиќ ќе се кандидира за премиер на Србија
-

Мицкоски: Западнонилската треска годинава е натпросечен предизвик низ цела Европа
-

Пехчево: Го затекнала сопругот со 68-годишна жена и ја нападнала, а подоцна тој физички ја нападнал неа
-

Браќа меѓусебно се пријавиле во полиција по физичка пресметка во демиркаписко
-

Жена со тротинет удрила велосипедистка во Скопје и избегала
-

Мост „Генерал Михајло Апостолски“ - се ослободува трасата за конечно ставање во функција, напиша Ѓорѓиевски
