Свет
4. јуни 2016 - 11:14

Германскиот претседател нема да се кандидира за втор мандат

Германскиот претседател Јоахим Гаук нема да се кандидира за втор претседателски мадат, поради својата возраст, но и поради здравствени причини, објави денеска германскиот весник „Билд“. 

Според истиот извор, ваквата своја одлука 76-годишниот Гаук в понеделник ќе и ја соопшти и на германската канцеларка Ангела Меркел.

Актуелниот петгодишен мандат на Гаук истекува следната година и согласно Уставот на Германија, тој има право на реизбор.

Претседателот на Германија го бира Федерална конвенција, која ја сочинуваат членовите на Будестагот и делегати избрани од германските покраински собранија. Функцијата германски преседател е во голема мерка церемонијална и тој нема политичка моќ. сп/11:10