-->
-->
Габине Мугуруза го освои „Роланд Гарос’’
-->

Шпанската тенисерка Гарбине Мугуруза е новата шампионка на „Ролан Гарос’’. Таа во денешното финале на вториот овосезонски Гренд слем турнир, Отвореното првенство на Франција во два сета ја победи над најдобрата светска тенисерка Серена Вилијамс.
До својот прв трофеј на Гренд слем турнирите, Мугуруза стигна полесно од очекуваното, иако во првиот сет беа одиграни дванаесет гема кој на крајот и припадна на Шпанката со 7-5. Сепак, во вториот таа беше и подобра па на фаворизираната Серена и препушти четири гема односно го доби сетот со 6-4.
Ова е само вкупно трета титула во кариерата за Мугуруза, но сигурно најзначајна, по која шпанската тенисерка ќе забележи напредување од 4 позиции на ВТА листата, која ќе биде објавена во понеделник.
Утре, во машкото финале за трофејот ќе се борат Новак Ѓоковиќ и Енди Мареј.

-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Победа за Јанев по голема борба на ЕП за тенисери и тенисерки до 18 години
-

32-годишен скопјанец исчезнал во Охрид - се трага во вода и на копно
-

ОН: Пронаоѓањето стотици тела под урнатините во Газа ги засилува сомнежите за воени злосторства
-

Жена во Драчево ранета од заталкан куршум додека седела во својот двор
-

Загина 65-годишен возач на мопед по судир со автомобил
-

Засилени контроли за електрични тротинети, во август констатирани 606 прекршоци, одземени 18
-

Герасимовски: Паркот на новинарите исчистен, бездомните лица иселени , го враќаме редот и мирот во Центар
-

НАТО забележува пораст на руските хибридни напади
