-->
-->
Почна изградбата на капела во Ново Село
-->

По Сушица, Мокрино, Мокриево и Ново Коњарево, изградба на капела почна и во населеното место Ново Село кое е најголемо според бројот на населението во истоимената општина.
Како што изјави градоначалникот Блажо Велков, за капелата биле понудени повеќе идејни решенија.
- Решенијата беа презентирани од страна на изготвувачот пред граѓаните на Ново Село и тие сами избраа кое ќе се реализира. На територијата на општина Ново Село во повеќето населени места веќе има изградено капели и тоа во Сушица, Мокрино, Мокриево и Ново Коњарево, рече Велков.
Изградбата треба да заврши за неколку месеци, а проектот е предвиден во програмата на општината за оваа година. кд/мч/16:00
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Повеќе од 2.000 летови во САД денеска се одложени поради снежната бура
-

Нов трипл-дабл за Јокиќ, но пораз на неговиот тим
-

Велика Британија постигна договор со Ангола и Намибија за враќање на мигранти
-

Фаустин-Арчанг Туадера се кандидира за трет претседателски мандат на изборите во ЦАР
-

СБ на ОН ќе се состане утре поради израелското признавање на Сомалиленд
-

Утрово најстудено во Берово, „најтопло“ на Попова Шапка
-

Лавров: Русија се спротивставува на независноста на Тајван во која било форма
-

Косово денеска избира нов парламент, вторпат за 11 месеци
