-->
-->
Што навистина може да ја „рашири” вагината? Сега ја знаеме вистината
-->

Без оглед на бројот на сексуални односи, па ниту оние со надарени партнери, како и породувања – вагината е мускул кој функционира на принцип растегнување, па не се шири.
И додека често се пишува за просечните, посакуваните и измерените димензии на машките полови органи, се чини дека вагината како орган е вистинска мистерија, односно тој репродуктивен орган го следат многу митови кои немаат врска со вистината.
Некои од нив се дека вагината на девиците е исклучително тесна, после губењето на невиноста таа е трајно проширена, сексот со многу партнери ја проширува вагината и породувањето непоправливо го зголемува тој орган.
Таквите тврдења немаат врска со науката, како ни со самата анатомија на женскиот полов орган. Експертите објаснуваат дека за подобро сфаќање треба да се визуелизира вагината како пешкир за раце ставен во чорап кој го држите со дланките. Пешкирот претставува сложеното мускулно ткиво на вагиналниот ѕид, чорапата е самата вагина, а дланките се мускулите на карлицата кои ја опкружуваат вагината.
Нема потесни и пошироки, со возбудувањето вагината се прилагодува кон пенисот
Вагиналните мускули се исклучително еластични и се однесуваат како растеглива гума, и дури да се растегнат до својот максимум, тие како еластична гума се враќаат во својата првобитна форма.
Токму тоа објаснува како поради многу секс, партнери и било какви други „акции“ вагината се шири само привремено. За разлика од пенисот, вагината за време на сексуалната возбуда се опушта и навлажнува за да ја олесни пенетрацијата и на крајот оплодувањето.
Гинекологот (како ни партнерот) не можат да знаат колку партнери имала жената
Без разлика дали жената е порно актерка или некоја која сексот го практикувала само неколку пати – не постои начин гинекологот да знае или претпоставува со колку мажи спиела таа.
После породувањето вагината се враќа во нормала после шест месеци
Некои студии покажале дека на вагиналните мускули им се потребни и до шест месеци после бременоста за да се вратат во нормалната големина и форма, но поентата е дека мускулите се враќаат во првобитната состојба.
Напнатоста придонесува до тоа вагината да биде „потесна“
Со оглед на тоа што станува збор за мускули кои се опуштаат при возбуда, факт е дека вагината е „тесна“ како последица на вознемиреноста и неопуштеноста на жената, што на крајот не е нешто што нејзиниот партнер го посакува.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Андоновски: Во 2027 година очекуваме камен-темелник за националниот дата центар
-

Муцунски и Ивановиќ: Европската интеграција, реформите и новата авиолинија во фокусот на разговорите
-

Европратениците ги критикуваат новите овластувања на Фронтекс за надзор на социјалните мрежи
-

Мисајловски: Со реформата конечно го решивме прашањето на професионалните војници
-

Шест месеци до година за законско прифаќање на дигиталните лични карти и возачки дозволи, објасни министерот
-

Во Битола над старата касарна откриени и отстранети 1.700 рачни бомби од Првата светска војна
-

Илјадници пациенти плаќале за операции на очи кои веќе ги покрил Фондот: Осум лица приведени
-

„Одек низ времето“ – музичко патување низ епохите на класичната музика
