Хилари Клинтон соопшти дека ја освои демократската номинација за американски претседател

Хилари Клинтон соопшти дека победи во натпреварот за номинација на Демократската партија за нов американски претседател, пренесоа светските агенции.
Во својот говор во Бруклин, Њујорк, каде ги освои првичните избори во државата Њу Џерси, Клинтон на своите приврзаници им кажа дека се сведоци на историски момент.
-Благодарение на вас го доживеавме историскиот момент. Првпат во историјата на нашата земја една жена ќе биде номинирана од некоја од големите партии, рече таа, додавајќи дека нејзината победа „им припаѓа на поколенијата жени и мажи кои се бореле и се жртвуваале за да го направат можен овој момент“.
Американските медиуми ги соопштија прогнозите дека Клинтон победува во државата Њу Мексико.
При обработени 32 проценти од гласачките ливчиња во државата Монтана прогнозите се дека резултатите на Клинтон и на Берни Сандерс се доста изеданчени - 48,6 проценти за поранешната прва дама на САД и 46,7 проценти за сенаторот, пренесе ТАСС.
Сандерс ги освои партиските собранија во Северна Дакота, покажуваат прогнозите на локалните медиуми.
Во Калифорнија Клинтон води. При обработени 6,17 проценти од гласачките ливчиња таа има 63,02 проценти од гласовите, наспроти 35,86 проценти за Сандерс. Во Калифорнија и двајцата се борат за 546 делегатски места - најголемиот дел во последниот „супервторник“ од првичниот натпревар за номинацијата за претседател на САД.
Хилари Клинтон победи и на првичните избори во Јужна Дакота, пренесоа американските медиуми.
Демократите вчера ги одржаа внатрепартиските избори во пет сојузни држави: Калифорнија, Монтана, Њу Џерси, Њу Мексико и Јужна Дакота, а во Северна Дакота - партиски собранија, посочува ТАСС.
Шестте држави даваат вкупно 806 делегатски места за националниот конгрес на Демократската партија во Филаделфија на 25-28 јули.
За поранешната прва дама вчерашните избори и немаа толку големо значење. Таа уште пред ова си ја обезбеди својата кандидатура за американски претседател, обезбедувајќи ја поддршката од 2.383 делегати за претстојниот конгрес во Филаделфија. Точно толку и се неопходни за утврдување на нејзината кандидатура.
Победата во Њу Џерси ја крена видливо над прагот од 2.383 делегати, забележа ДПА.
Ново на Сител
-

Приведен 40 годишник од Пробиштип кој со закани изнудил пари од 18-годишна девојка
-

СЗО предупреди дека случаите на рак на глобално ниво би можеле речиси да се удвојат до 2050 година
-

Кос, Јаневска и Сали во увид на реконструкцијата на студентскиот дом „Стив Наумов“
-

Три случаи на семејно насилство во Штип, Свети Николе и Македонска Каменица
-

Сиљановска Давкова: Кредибилен партнер сме на НАТО, да се надмине лавиринтот на патот кон ЕУ
-

Вимблдон: Ѓоковиќ казнет поради недолично однесување
-

78-годишна жена пронајдена мртва во својот дом во Кисела Вода
-

Пронајден машки труп во река Пчиња кај Катлановска Бања
