Владата во Лондон демантира дека ја разгледувала можноста за безвизен режим за 1,5 милиони Турци

Британските министри за внатрешни и за надворешни работи, Тереза Меј и Филип Хамонд ги демантираа тврдењата на неделникот „Сандеј тајмс“ дека британските власти тајно ја разгледувале можноста за безвизен режим за 1,5 милиони Турци, кои сакаат да патуваат во Обединетото Кралство.
Неделникот се повикува на пет документи на Форин офисот, до кој имала пристап редакцијата. Во дипломатската преписка се предлага ЕУ да ги држи во тајност сите спогодби, поврзани со укинувањето на визниот режим за Турција, додека не помине референдумот за членството на Велика Британија во Унијата.
Дипломатите во споменатите документи и соопштуваат на Владата дека предложениот договор на ЕУ со Турција за безвизен режим во Шенген зоната може да доведе до тоа Велика Британија да ја разгледа таа привилегија за сопствениците на специјални пасоши од Турција, членови на турската Влада, државни службеници, професори и нивните семејства. Станува збор за 1,5 милиони турски државјани, кои до воведувањето на измените во британското законодавство во 2009 година имале право да влегуваат во Обединетото кралство без визи.
Според заменик-амбасадорот на Велика Британија во Анкара, Џенет Даглас обновувањето на правото на сопствениците на специјални пасоши за безвизно патување во Велика Британија ќе биде ризик, но истовремено и важен симболичен гест кон Турција.
Ново на Сител
-

Андоновски: Дигитализацијата е алатка за поконкурентна економија
-

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители
-

Научник за само еден месец изел 720 јајца
-

Мицкоски: Наскоро ново проширување на лекови од позитивната листа
-

Арсенал до финалето без пораз, ПСЖ постигна 44 голови
-

Тошковски: Силни институции значат сигурни граѓани, а полицијата е тивката сила на државата
-

Медведев: Доколку Германија се приближи до поседување нуклеарно оружје - тоа би било повод за војна
-

Загреб е првиот европски град што нуди роботакси-услуги
