Борисов: Не сакаме војна во Црно Море

Бугарскиот премиер Бојко Борисов денеска изјави дека Софија не сака да учествува во создавање на заедничка Црноморска флота, во чиј состав би биле и Романија, Турција и Украина, со цел да се неутрализира присуството на руската морнарица во Црно Море.
- Не ни треба војна во Црно Море, истакна Борисов на заедничката прес-конференција со бугарскиот претседател Росен Плевнелиев.
Борисов посочи и дека не сака да гледа фрегати кои пловат покрај туристичките дестинации.
- Секогаш зборувам дека сакам по Црно Море да пловат чамци, јахи, туристички и товарни бродови, а не областа да стане арена за воена акција, истаккна Борисов.
Плевнелиев наведе дека „Бугарија е мирољубива земја и оти нејзината надворешна политика не е насочена кон никого“
Бугарија, некогашна земја-членка на источниот блок, има најблиски односи со Русија, изрази подготвеност да учествува во заедничките воени вежби на НАТО.
Според Конвенцијата од Монтре, земјите кои не излегуваат на ЦрноМоре не можат да ги држат своите воени бродови во тој регион подолго од 21 денови. Држави на брегот на Црно Море се Турција, Бугарија, Романија, Украина, Грузија и Русија.
Ново на Сител
-

Трамп имал „многу добри разговори“ со Путин, очекува брз крај на војните во Иран и во Украина
-

ПМФЛ: Вардар сигурен против Тиквеш, Пелистер победи во Струмица
-

Кој е човекот што пукаше на гала вечерата на Трамп со дописниците од Белата куќа
-

Кениецот Саве прв истрча маратон под два часа
-

Четворица малолетници ограбиле маркет во ГТЦ, при претрес пронајдени нож и електрошок
-

Маж од кичевско додека возел се пожалил на болка во градите, излетал од патот и починал
-

74-годишна жена паднала при нагло кочење на автобус во кој се возела и тешко се повредила
-

Контрола на полицијата на патниот сообраќај во неколку општини, уапсено едно лице, изречени 12 мерки
