Молчела за тајното допишување: Јелена знаела за жените на Зоран!
Пејачката Јелена Марјановиќ (33) од Борча, чие убиство се уште не е расветлено, често се карала со сопругот Зоран зошто открила дека тој тајно се допишувал со други жени, обично ноќе, пишува Ало.рс.
Очевидци во полиција раскажале дека на денот на убиството на Јелена на насипот ја видела како се кара со Зоран, каде таа дошла да џогира. Инаку, полицијата ја продолжи интензивната потрага по убиецот на Јелена, а истрагата оди споро поради бројните и сложени вештачења.
-Полицијата го скрати списокот на осомничени, а повторно ќе бидат испитани и членовите на семејството Марјановиќ. Иако постојат бројни шпекулации за тоа дека Јелена била убиена на друго место па е донесена на насипот во Црвенка, тие се покажаа како неточни, вели соговорник.
За шпекулациите дека на местото на злосторството нема траги од крв, изворот наведува дека телото некое време било во вода.
пејачката на „Гранд„ исчезна на 2. април годинава додека трчала на насипот Црвенка во Борча. Нејзиното тело со смачкана глава е пронајдено следниот ден околу 13 часот во каналот покрај насипот. Убиецот нејзиното тело го фрлил десетина метри од местото на убиството.
Рада се враќа во Виена
Рада Матиќ, која како што вели сама го истражувала злосторството, денеска се враќа во Виена каде живее со години.
-Само чекам ќерка ми да прослави полнолетство па да одам. Да се разбереме, јас своеволно му се јавив на Зоран, а важно ми е да се открие убиецот на Јелена. Знам дека сама влегов во целата таа збрка, но нагласувам дека не сум никаква ескорт дама туку работам како негувателка на стари лица во Виена, вели Рада Матиќ.
Таа рече дека со бившиот сопруг живеела 7 ипол години во околината Коцељво и дека со него сега е во добри односи. Со него има помал син, кој живее со таткото.
Ново на Сител
-
ЦУК: Куче паднало во шахта и ги изгризало оптичките кабли, без интернет биле „Филип Втори“ и Поликлиника „Букурешт“
-
Во прекин сообраќајот на патот Радовиш-Штип поради сообраќајка
-
Косовското МНР потврди дека на директорот на српската Канцеларија за Косово му е забранет влезот во Косово за Велигден
-
За Велигден претежно сончево и потопло време
-
Тепачка во Чаир - 5 лица повредени
-
Индонезија трајно ќе пресели 10.000 луѓе по серијата ерупции на вулканот Руанг
-
Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз
-
Кривична пријава за злоупотреба на постапка за јавен повик и несовесно работење во службата