-->
-->
Жена тешко повредена во сообраќајка во Струмица
-->
На бул.„Гоце Делчев“ во Струмица вчера во 15.50 часот се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „БМВ“ со скопски регистерски ознаки управувано од П.Ј.(38) од Струмица и „пежо 307“ со струмички регистерски ознаки управувано од И.Д.(35) од струмичкото село Дабиље.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничка од „пежо 307“ З.Д.(68) по што во Медицинскиот центар-Струмица и била укажана лекарска помош и била задржана за понатамошно лекување.
Увид на местото на настанот извршил јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Струмица и се работи на целосно расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Вметнувани страници во пасош, приведен швеѓанин на Табановце
-
Санкционирани 131 возач во Скопје
-
Приведено лице во Стојаково, полицијата нашла марихуана во неговиот дом
-
Земјотрес од 4,3 степени според Рихтер во централна Хрватска
-
Првомајска честитка од претседателот на СПМ Љупчо Димовски
-
Пендаровски: Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава
-
Митрески: Борбата за работничките права не престанува никогаш
-
Хотелиерите очекуваат одлична туристичка сезона, исполнетоста за празниците повеќе од половина