Кошарка
20. јуни 2016 - 11:40

Американецот Доелман прифатил да игра за Косово

Кошаркарот на Барселона, Џастин Доелман, ја прифатил понудата да настапува за репрезентацијата на Косово, пренесоа шпанските медиуми. Доелман има 31година, а од 2014 година го носи дресот на Барселона.
 
Американецот изминатите денови преговарал со првиот човек на Кошаркарскиот сојуз на Косово и ја прифатил понудата да настапува за оваа репрезентација.
 
Доелман им се придружи на бројни американски кошаркари кои настапуваат за европските репрезентации.