-->
-->
Брегзит:„Странците“ или клубовите на удар?!
-->

Иако сите 20. клубови од Премиерлигата им препорачуваа на своите фанови да гласаат за останување на Велика Британија во Европската Унија сепак Брегзит се случи. Тоа го отвора прашањето за влијанието на оваа одлука врз фудбалот на островот поради
работните визи и падот на вредноста на фунтата што во основа ќе ги направи играчите надвор од Британија поскапи.
Поголем дел од интернационалците настапуваат во Англија со пасош од ЕУ, но сега ќе треба да бараат виза како и останатите а критериумите се прилично строги.
Според неофицијални информации околу 108 фудбалери од Премиерлигата во моментов не ги исполнуваат условите, а помеѓу нив се играчи како Ектор Бељерин, Лоран Косјелни, Курт Зума, Нголо Канте, Емре Џан, Симон Мињоле, Антони Марсијал, Давид Де Геа и Димитри Паје.
Светла страна е тоа што сите сегашни договори ќе бидат испочитувани и системот за работни дозволи ќе се реформира во следните две години.
Покрај работните дозволи, проблем може да биде и девалвација на фунтата.
Несигурноста за тоа како ќе се одвива трговската размена помеѓу Велика Британија и ЕУ сигурно ќе предизвика пад на фунтата со што фудбалерите од странство ќе станат поскапи за клубовите од Премиерлигата.
Како што стојат денеска работите доколку некој клуб од „Островото“ сака да го купи Пол Погба од Јувентус и „Старата Дама“ бара 160 милиони евра за својата ѕвезда, клубовите од Англија ќе треба да одвојат 129,4 милиони фунти.
Но со паѓање на фунтата, клубовите ќе бидат приморани да одвојат уште неколку десетици милиони.
Исто така можно е да се зголеми и сметката за плати, доколку во договорите на играчите е напишано нивните примања да се исплаќаат во евра наместо во фунти.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Ставен под контрола пожарот кај Чернобил, нема опасност од радијација
-

Сиљановска Давкова: Како Европјани, должни сме да се спротивставиме на секој облик на фашизам
-

Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат за кршење на примирјето
-

Ѓорѓиевски: Очекуваме понуда, цена и временски рок за поправка на Жичарата на Водно
-

МВР одзема автобус кој превезувал ученици, неколку пати бил во дефект по пат
-

Фатени двајца малолетници од Скопје кои возеле без возачки
-

Средношколец од Прилеп четири години лажно се претставувал како наставник и имал пристап до е-дневникот
-

Во Италија е регистриран прв случај на зависност од вештачка интелигенција
