-->
-->
Црн викенд во Македонија - Се распаѓал на горештините, шестгодишно дете почина
-->

Овој викенд беше исполнет со трагедии и несреќни инциденти и настани.
Шестгодишно дете почина во несреќен случај викендов во лифт во станбена зграда лоцирана помеѓу булеварот „Трета македонска ударна бригада“ и улицата „Панчевачка“ во Куманово. Момчето живеело во станбената зграда. Случајот го потврди кумановската полиција.
Исто така, за жал шеесет и деветгодишна жителка на Гостивар загинал при удар од патничко моторно возила „Лада уаз“ управувано од 79-годишен жител на Скопје.
Несреќата се случила на магистралниот пат Гостивар-Скопје, на потегот од Здуњската крстосница со наплатната рампа кај Гостивар. Жената се обидела пешки да помине преку улицата, но при тоа била удрена од возилото, по што починала на самото место.
Во атарот на делчевското село Петрашевец беше пронајден машки труп во распаѓање. Станува збор за 90-годишниот Мирко Стоичов од делчевски Петрашевец чие тело по пријава на негов роднина, е пронајдено во близина на семејната куќа, каде што живеел заедно со својата стара сопруга. Лекарите кои беа на увид истакнуваат дека телото било во распаѓање, а смртта, најверојатно, настапила од срцев удар, а стариот на местото каде што паднал, лежел мртов повеќе од три дена, при што поради високите температури, неговото тело било во распаѓање, но и видно оштетено од животни.
Уште два хорор настани ја потресоа Македонија. Таксист силувал девојка, а силувано било и детенце во Драчево
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Ангелов: Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближил кон куќите
-

Ѓуретановиќ го има вториот настап на ЕП на 400 метри слободно
-

Две жени загинаа во поплави и одрон во Шпанија, повредени и две бебиња
-

Се помали надежите за преживеани по земјотресот во Колумбија, бројот на жртви е околу 300
-

Рама: Протестите покажуваат нормална европска Албанија
-

Сончево време со мала до умерена локална облачност
-

Земјотрес со магнитуда од 6,9 повторно ја погоди Индонезија, втор силен потрес во еден ден
-

ПФЛ: Победи за Силекс и Шкендија Арачиново
