КХВ одобри „Инвестброкер“ да врши три нови услуги

Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија на денешната седница даде согласност на брокерската куќа „Инвестброкер" ад Скопје да ја прошири дозволата за работење со хартии од вредност со три нови услуги.
„Инвестброкер" АД Скопје, соопшти КХВ, ќе може да врши прием и пренос на налози за купување и за продавање хартии од вредност на странски пазари, со што ќе може да се приклучи на регионалната платформа за тргување со хартии од вредност котирани на Бугарската, Загрепската и на Македонската берза. Тоа значи дека девет од десетте членки на Македонската берза ги исполнија условите за да учествуваат на регионалната платформа СЕЕ Линк, истакнуваат од Комисијата за хартии од вредност.
Воедно, како што информира КХВ, „Инвестброкер" ад Скопје ќе може да чува хартии од вредност, што вклучува отворање и водење сметки на хартии од вредност во свое име, а за сметка на нивните клиенти и други услуги со хартии од вредност по налог на клиентот, како и да врши дополнителни услуги за издавачите на хартии од вредност.
На денешната седница на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија е обновeна една дозвола за работење на брокер.
Ново на Сител
-

Стан во Белград продаден за вртоглави 2,6 милиони евра, за еден квадрат платени 12.000 евра
-

Мерц: ЦДУ е потресена до срж од победата на АфД
-

Русија го затвора германскиот конзулат во Санкт Петербург
-

Србија на чекор до избори; Студентите со порака до Вучиќ - Претседателе, конечно си надлежен
-

Министерот за надворешни работи на БиХ го повлекува персоналот од амбасадата во Белград, најави намалување на односите со Србија на минимум
-

Во Албанија само во август 159 сообраќајни несреќи со 22 жртви, изречени над 47 илјади казни
-

ПМФЛ: Четврта победа на Струга на домашен терен без примен гол
-

Македонските фудбалери против Швајцарија стартуваат во ЛН
