Концерт на словачкиот пијанист Рихард Рикон
Пијанистот со богата интернационална кариреа Рихард Рикон од Словачка вечер во Музејот на Град Скопје ќе одржи концерт во рамки на манифестацијата „Скопско лето“.
На програмата се дела од Шопен, Лојд Вебер, Шуберт, Лист, Дуранд и Хачатурјан.
Рихард Рикон е роден 1974 година. Започнал да свири пијано од својата четврта година. На пет години ја искусил својата прва победа на државниот натпревар, а на шест ја има освоено главната награда Bartok Prix во Унгарија, како и други престижни награди. На само осум години станал студент на Конзерваториумот на Жилина (Словачка) под водство на проф. Антон Калајиi.
Откако ги завршил студиите на Конзерваториумот тој продолжил на Универзитетот за музика и уметност под менторство на професорот Сирил Дијановски, а истовремено студирал во Paris Conservatoire Superiore со меѓународно признатиот уметник Јуџин Инџик кој бил ученик на Артур Рубинтшајн.
Неговиот репертоар ги вклучува делата на Бах се до современите композитори, а има настапувано на бројни музички сцени низ светот.
Меѓу другото, има снимено ЦД „Пијано меџик“, 1,2,3 со светски познати нумери аранжирани во неконвенционален стил за што е добитник и за наградата „Голден Рекорд“.
Риккон е исто така и композитор и аранжирал дела за други уметници. Во рамки на своите активности тој посветува време и на пронаоѓање и менторирање млади таленти.
Концертот во Скопје е организиран во соработка со Амбасадата на Република Словачка.
Ново на Сител
-
Ѓоковиќ загуби од 19-годишниот Меншик во финалето на турнирот во Мајами
-
Надворешно-политичките, безбедносните, одбранбените и економските предизвици на ЕУ главни теми на овонеделната сесијата на ЕП
-
Во Лондон дводневен Самит за борба против шверцот на мигранти
-
Трамп: Ако Зеленски не го прифати договорот за ретки минерали може да биде „во голема неволја
-
Променливо облачно, попладне наместа со пороен дожд
-
Неготинци апелираат да не се заборави случајот со исчезнатиот Миле Тодоров
-
Георгиевски освои злато на Скопје Опен Г1
-
Трамп бесен на Путин