Стефановиќ: Петкратното убиството е трагедија каква долго не е видена во Србија

Српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ утринава изјави дека осомничениот за петкратното убиство во Житиште пукал од автоматско оружје што нелегално го поседувал, а ситуацијата била потполно неочекувана и немало никакви знаци што би укажувале на трагедија, јави Танјуг.
Стефановиќ потврди дека лицето З.С.(38) ноќеска околу 1.30 часот од автоматска пушка истрелал повеќе рафали и притоа усмртил пет лица и ранил околу 20.
-Постои сомнение дека станува збор за љубомора, бидејќи прва настрадала неговата поранешна сопруга, додека голем број луѓе се повредени и трагично настрадани, рече министерот.
Ситуацијата била сосема неочекувана бидејќи осомничениот немал ниту еден прекршок, ниту кривична пријава, напомена Стефановиќ.
Итната помош прва пристигнала, а потоа и медицинските екипи од Зрењанин, рече Стефановиќ додавајќи дека полицијата, исто така, пристигнала за помалку од една минута.
Полицијата го привела осомничениот и го совладала, а тогаш веќе му била и одземена пушката.
Обвинители брзо излегле на местото на трагедијата, направен е увид и се очекува на осомничениот да му биде одреден притвор.
-Сега е најважно да им се помогне на семејствата и на повредените да им се пружи потребната нега, рече министерот.
Стефановиќ истакна дека станува збор за трагедија каква долго не е видена во Србија.
Ново на Сител
-

Протести во Прага поради планираното укинување на претплатата за чешките јавни медиуми
-

Од специјализирана продавница за „Покемон“ украдени карти во вредност од над 130.000 евра
-

Трамп бара од Конгресот дополнителни средства за модернизација на американскиот систем за контрола на воздушниот сообраќај
-

Следува променливо облачно и потопло време, од среда повремено силен јужен ветер
-

Изминатото деноноќие 15 пријави за семејно насилство во државава
-

Акциски контроли на подрачјето на Центар во Скопје, констатирани повеќе прекршошци
-

Седум ПП возила и 19 пожарникари гаснеле запалена барака во Жданец
-

Николоски: Охридскиот аеродром годинава ќе достигне помеѓу 370.000 и 400.000 патници наспроти предвидените 130.000 до 2030 година
