-->
-->
Уште едно семејство од Србија доживеа несреќа во Македонија
-->

Тричленото семејство од Ниш патувало на одмор во Грција и доживеа сообраќајна несреќа.
Несреќата се случи утрово на автопатот Велес-Гевгелија во близина на наплатната станица кај Градско. Возачот изгубил контрола над возилото и излетал на десната страна од автопатот.
Автомобилот удрил во земјен брег покрај коловозот. Сопругата и детето со возило на итната медицинска помош се пренесени во велешката болница. Возачот пак останал на местото но по кратко почувствувал болки па и тој е пренесен во здравствената установа. Според информациите на лекарите сите тројца се со полесни повреди и се надвор од животна опасност, објави Канал 5.
Увид на местото изврши екипа на СВР Велес. Анализата од увидот ќе покаже кои се причините поради кои се случи несреќата. Автопатската делница вчера беше кобна за семејство од Белград.
55 годишен маж загина откако автомобилот управуван од сопругата излета на спротивната страна на автопатот. Мајката и трите деца се здобија со полесни повреди и се згрижени во болницата во Велес.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економски раст потврдува дека сме на вистинскиот пат
-

Седумнаесет години од бродската несреќа на Охридското Езеро
-

Над илјада заразени во Европа од западнонилска треска
-

Патник од прва класа на лет во САД касал и удирал луѓе, па со селотејп го залепиле за седиштето
-

ЦУК: До 7:30 вкупно 31 пожар на отворен простор, од кои два се активни
-

Митева за Сител: Системот со карти за 8 Септември е поради безбедноста и за да нема огромни редици
-

Вучиќ: В среда или в четврток ќе ги распишам изборите
-

Над 15 отсто од Македонците се дебели – каде сме во споредба со Европа?
