Вратата кон НАТО треба да остане отворена, оцени украинскиот премиер

Украина треба да се бори за брзо пристапување кон НАТО, изјави вчера украинскиот премиер Володимир Гројсман во интервју за германската медиумска група „Функе", пренесе ДПА.
Гројсман изјави дека Украина треба да ја задржи вратата кон НАТО отворена и посочи дека преземените реформи се насочени кон модернизација на украинската армија. Тој изјави дека се надева дека на Самитот во Варшава следната недела, Алијансата ќе понуди јасна стратегија за Украина.
Минатиот месец Украина декларираше дека е подготвена да помогне во плановите на НАТО за зајакнување на военото присуство на Алијансата во Источна Европа. Се очекува овие планови да се обликуваат финално на средбата во Варшава, на која ќе присуствува и украинскиот претседател Петро Порошенко. На истата средба се очекува да се одобри и помош на НАТО за Украина. Русија повеќе пати го осуди проширувањето на НАТО кон исток, оценувајќи го како закана за својата национална безбедност, потсетува ДПА.
Ново на Сител
-

Кампања на МВР и РСБСП: Не користи мобилен телефон додека возиш
-

УЕФА ги повика членките на итен состанок, меѓу темите и можен бојкот на Светското првенство
-

Собранието ја избра Мери Дика Георгиевска за уставен судија
-

Деветгодишно дете тешко повредено во судир со автомобил додека возело електричен тротинет
-

Им ветил заработка од криптовалути, двајца скопјани измамени за 2,3 милиони денари
-

Герасимовски: Центар со финансиска помош за штетите од невремето, објавен јавен повик
-

Годинава ќе заврши подготовката за експресниот пат Кочани – Виница – Делчево
-

Мицкоски: Со ребаланост во буџетот ќе ги исплатиме наследените долгови во земјоделството
