Керн: И по брегзит приоритет е приближување на Балканот кон ЕУ
Приближувањето на држави од Западен Балкан во Европската унија останува приоритет и покрај брегзит, истакна синоќа австрискиот канцелар Кристијан Керн на Самитот за Западен Балкан во Париз.
Тој во изјава за австриски медиуми, нагласи дека е важно проширувањето на ЕУ кон Балкан како приоритет и поради фактот дека поддршката за Унијата во тој регион е поголема отколку во одделни членки на ЕУ.
Керн рече дека е неопходна стабилност на Западен Балкан и безбедноста не е прашање само на полициски мерки туку на развој и благосостојба.
Тој наведе дека веќе четири години стагнира нивото на плати како и БДП по глава на жител на Западен Балкан, што оцени дека тоа не е добар знак.
– Тој простор е исклучително важен за нас, нагласи Керн.
Укажа дека Западен Балкан е делумно под влијание на „исламистички групи“, делумно под влијание на Русија, а ЕУ има интерес за стабилност во регионот.
– Потребна е испружена рака од страна на ЕУ, наведе Керн додавајќи дека секоја држава од регионот треба да обезбеди владеење на правото.
Ново на Сител
-
ФИФА го казни Шкупи
-
Нетанјаху ќе биде опериран во подземна сала поради опасност од ракетен истрел
-
Пронајдени десет мигранти во две товарни возила на граничниот премин Богородица
-
Постапка против десет лица за кривични дела поврзани со криумчарење возила
-
Во Јужна Кореја прогласена седумдневна жалост поради авионската несреќа
-
Коцевски: Од страна на Јавното обвинителство не протекуваат информации
-
Трент не го известил Ливерпул дека ќе премине во Реал
-
Почина Јагнула Куновска, македонска политичарка и адвокатка