„Шармантниот бунтовник“ Дејвид Дејвис ќе ги води преговорите за Брегзитот

Цврстиот британски евроскептичен парламентарец, Дејвид Дејвис, кој има изјавено дека опасноста од загубата на клучниот извозен партнер ќе ги принуди лидерите на Европската Унија, како Ангела Меркел, да попуштат во договорот за слободна трговија, вчера беше избран да го раководи излегувањето на Велика Британија од ЕУ.
Новиот британски премиер Тереза Меј вчера го назначи Дејвис (67) за новоформираната функција - државен министер за Брегзит.
Шокот од гласањето за излез од ЕУ, што го собори Дејвид Камерон од власта, се заканува петата по големина економија во светот да ја втурне во рецесија и под прашање да ја стави иднината на животно важниот финансиски и банкарски сектор во Лондон.
„Дејвис, кој во 2005 година беше поразен од Камерон на изборите за партиски лидер, ќе ја има клучната улога за заштита на британската економија од несигурноста на намалувањето на инвестициите и од алчните соседи, додека се ослободува од континуираната, над 40 години, трговска, правна и дипломатска врзаност со ЕУ“, објавуваат британските медиуми.
Неговата главна задача ќе биде да се најде одговор на појавената загатка во преговорите: како Велика Британија да го задржи својот пристап до заедничкиот европски пазар, а паралелно со тоа да го добие правото да го ограничува слободното движење на работници од земјите од ЕУ?
- Штом европските држави осознаат дека немаме намера да отстапиме од контролата на своите граници, тие ќе сакаат да преговараме, во нивниот сопствен интерес, рече тој во понеделникот во статијата во популарниот партиски сајт „Консерватив хоум“.
Дејвис од 1994 до 1997 година работеше во британското Министерство за надворешни работи, како одговорно лице за преговорите со Европа. Во интервју за весникот „Јоркшир пост“ пред извесно време тој потсети дека неговите колеги во Европа го нарекуваат „шармантиот бунтовник“.
Дејвис изјави дека неговиот пријателски прекар му го измислил шефот на португалската дипломатија, кој уште му го дал и називот „мајстор на градивната опструкција“, во време кога Велика Британија се бореше да ја утврди својата улога во ЕУ, додека Унијата се стремеше кон поголема интеграција.
Ново на Сител
-

Во ЈЗУ во Гостивар прегледани 197 пациенти кои првпат побарале лекарска помош, што е намалување во однос на претходниот ден
-

Пијан велешанец ја нападнал мајка си и ѝ го скршил мобилниот телефон
-

26-годишник живеел во вонбрачна заедница и силувал малолетно девојче повеќе од една година
-

Сообраќајка помеѓу 4 автобили во Скопје, повредени повеќе лица
-

Штрајк на грчките цариници во понеделник, товарниот сообраќај во прекин
-

Муцунски: Нема информации за закани кон Македонија поради поддршката на американските операции во Заливот
-

Трамп се закани со сериозна воена одмазда против Иран и Хутите како негови сојузници
-

Кавадарчанец осомничен дека измамил кумановка за 9.000 евра со ветување за странски пасош | ФОТО
