Ахмет Давутоглу: Народот да се сплоти околу Владата

Поранешниот премиер на Турција, Ахмет Давутоглу го повика турскиот народ да се сплоти околу Владата, а вооружените сили да застанат во негова одбрана, јави ТАСС.
- Вечерва се штити нашата чест. Го повикувам народот без колебање да се сплоти околу Владата, изјави Давутоглу за телевизијата НТВ.
Турскиот министер за одбрана Фикри Ишик за истата телевизија изјави дека „обидот за воен удар во Турција“ ќе биде задушен во најбрзо време.
- Ги повикувам војниците да не ги почитуваат незаконските наредби, порача Ишик, додавајќи дека пучистите го држат началникот на Генералштабот на турската армија, генерал Хилуси Акар како заложник.
Турските провладини медиуми јавија дека при обидот за воен удар се убиени 17 полицајци, како и дека е соборен еден хеликоптер на „пучистите“.
Турската агенција Анадолија објави дека стотици луѓе излегле на улиците на Истанбул и Анкара во знак на протест поради воениот преверат.
Медиумите јавуваат за судири меѓу демонстрантите и армијата околу турскиот Парламент во Анкара и на истанбулскиот плоштад Таксим, при што се слушале и истрели. Според неофицијални инфорамации, при инцидентите има и ранети.
Протестите следуваат откако турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во изјава за Си-Ен-Ен Турк дадена од „непозната локација“ ги повика граѓаните да излезат на улиците и да се спротивстават на обидот за државен удар.
Ново на Сител
-

Рубио: Не е променета политиката на САД кон Тајван
-

Хрватска доби заем од ЕУ во вредност од 1,7 милијарди евра наменет за модернизација на одбраната
-

Во Белград уапсен возач осомничен за обид за убиство при пробивање студентска блокада
-

Меѓаши: Ниту едно дете не смее да чека инцидент за да биде заштитено, над 8.000 ученици дел од активности за побезбедни училишта
-

Путин набрзо ќе ја посети Кина
-

ОЈО: Истрага за претседател на суд и судски администратор
-

Рокас: Има забрзување на процесот на реформите
-

Тешко повреден кумановец во сообраќајна несреќа на автопатот Куманово – Скопје
