Трка на плажа „Beach Run 2016“ во Дојран
Околу 200 учесници денеска ќе ги одмерат силите на третата серија трки на пет километри на плажа „Beach Run 2016“ во Дојран. Почетокот е закажан за 18 часот под јаворите во Стар Дојран.
По двете истрчани трки во Скопје и Претор, на кои учествуваше и македонската атлетска елита, првите три позиции на табелата ги држат - во женска конкуренција Марија Стојановска, Весна Кираџиева и Марго Бојаџиева, а во машка - Игор Јакимовски, Атанас Анчевски и Пепи Анакијев.
Вкупниот фонд за награди на секоја од поединечните трки изнесува 200 евра, а финалните победници на целата серија ќе добијат врвна спортска опрема за трчање.
По Дојран, следуваат трките во Маврово на 24 јули и финалната во Охрид на 31 јули. Серијата трки на плажа ги организира здружението за спорт и рекреација „Прв до врв“.
Ново на Сител
-
Кандидатите за членови во Советот на Агенцијата за аудиовизуелни медиумски услуги реферираа пред Комисијата за избори и именувања
-
СОС Детско село ја доби Цветиновата награда за мир
-
Во Чаир три кражби на чанти
-
Тошковски во посета на Центарот за борба против тероризам на Унгарија
-
Ја продал нивата за да се прошират гробиштата, сега му ја враќаат со 150 закопани
-
Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на патот Делчево - Македонска Каменица
-
Ангелов: Државата е подготвена за претстојни врнежи од снег
-
Кан: Нојер не треба да го пропушти вистинскиот момент за пензионирање