Дали сте го пробале најсилниот пијалак кој ги топи маснотиите на стомакот?!
Главните состојки на овој рецепт се свежиот рен, непрсканите лимони со кора и мед.
Во исхраната најчесто се користи коренот на ренот, но исклучително се вкусни и малку зачинети млади листови од растението. Поради својот состав (витамин Ц, калиум, витамин Б1, витамин Б6, железо, калциум, витамин Б2, магнезиум, фосфор,...) Ренот освен гурмански, одличен е и како лековито средство.
Неизоставен е како додаток на разни други јадење, особено со масна храна, бидејќи помага полесно да се вари. Ренот го чисти организмот, го забрзува метаболизмот, го намалува уморот и најмногу се препорачува за дијабетичарите. Го потикнува разможувањето и развојот на корисните бактерии во цревата.
Свежиот корен може да се користи во текот на годината, ако навремено се закопа во влажен песок или се чува во подрум. Ако имате поголем корен, можете да изрендате потребна количина, а остатокот да го завиткате во алуминиумска фолија и да го оставите во фрижидер во кутија за зеленчук.
Ако сакате ренданиот рен да остане свеж и по три недели, измешајте го со лажичка шеќер и 4 лажици сок од лимон или оцет. Во добро затворената тегла, ренот може да стои во фрижидер до 3 недели.
Рецепт за подготвување на пијалокот за намалување на тежина
- 125 грама рен
- 3 лимони (претходно закиселени во малку вода и една лажица оцет, отстоени 10 минути за да ги измието пестицидите од него)
- 3 лажици мед
Постапка:
Во блендер измешајте 125 грама рен, земете ги 3-те лимони, исечете ги, извадете го семето од нив, па во комбинација со кората, исто така, измешајте ги во блендерот со ренот. Во состојката додадете го и медот а потоа измешајте се добро.
Чувајте го овој пијалок во затворен сад во фрижидер. Земајте по една лажичка два пати на ден со оброк а состојката конзумирајте ја 3 недели.
Ново на Сител
-

Папа Лав XIV: САД се синоним за слобода поради начинот на кој ги пречекуваа имигрантите
-

Русите тврдат дека ја освоиле Костјантинивка, клучен град во Донецк
-

Мицкоски: Македонија забрзува, изградбата на автопатот Охрид-Кичево влегува во својата завршна фаза
-

МВР: При петрес во Македонски Брод пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице
-

Стартува осминафиналната фаза на Светското првенство во фудбал
-

Министерот за јавна администрација Минчев ја честита 250 годинишнината од независноста на САД
-

НАТО во следните две години ќе и додели на Украина 140 милијарди евра воена помош
-

Трамп од планината Рашмор ги предупреди Американците на „комунистичката“ опасност за САД
