Турските власти го блокираа пристапот до страницата на Викиликс
Блокиран е пристапот до страницата на Викиликс на територијата на Турција, откако организацијата објави приближно 300.000 електронски пораки на членови на владејачката Партија на правдата и развојот, пренесе ТАСС, повикувајќи се на објава на Викиликс на Твитер.
Претходно денеска Викиликс објави 294.548 документи од партијата на претседателот Реџеп Таип Ердоган. Организацијата во понеделникот утрината ја информира јавноста за објавување на турските документи, но потоа страницата беше подложена на хакерски напад.
Викиликс изрази сомнение дека е можно турските државни структури или нивни сојузници стојат зад нападот.
Викиликс се појави во 2006 година и за неколку години на својата веб-страница објави илјадници документи од доверлив карактер. Најголемо внимание привлекоа американски дипломатски преписки.
Ново на Сител
-
Ме боли кога луѓе кои не ме знаат зборуваат невистини за мене | Давид Давидовски | Sitel Podcast 078
-
Германскиот кабинет планира да и дозволи на армијата да соборува нелегални беспилотни летала
-
Врнежи од снег со слаб интензитет во Кичево, Пресека и Буково, активни забрани за тешки возила на неколку правци
-
Мицотакис преку писмо до Фон дер Лајен бара да се најдат брзи решенија за цените на енергијата во ЕУ
-
Утре завршува новогодишната кошничка
-
Знамето со сонцето од Кутлеш забрането на СП во ракомет во Хрватска
-
23-годишна мајка од гостиварско ја малтретирала својата поќерка
-
Украинската армија вели дека нападот во текот на ноќта врз Русија бил „најмасовниот“ од војната