-->
-->
Ф-1: Пол позиција за Розберг во последниот круг
-->
Водечкиот во генералниот пласман во шампионатот во Ф-1 , Нико Розберг, буквално во последните секунди на квалификациската сесија обезбеди пол позиција за утрешната трка за ГН на Унгарија што се вози на Хунгароринг.
Розберг беше за 144 илјадинки побрз од светскиот првак и колега од екипата на Марцедес Луис Хамилтон кој пропушти можност да ја освои 7, пол позиција оваа сезона и трета во серија.
Од втората линија ќе стартуваат Даниел Рикардо и Макс Верстапен од екипата на Ред Бул.
Инаку тренинг сесијата стартуваше со дожд па дури 5 возачи, Маса, Магнусен, Палмер, Верлејн и Харјанто излетаа од патеката по што следуваше суво време и жестока битка за стартните позиции.
11-тата трка од шампионатот на Хунгароринг се вози в недела во 14ч.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Силекс и Брегалница ремизираа
-

Зеленски: Русија за една недела лансираше 2.100 дронови
-

Трамп тврди дека „негативните сили“ претеруваат во загриженоста околу вештачката интелигенција
-

Полска вознемирена откако Русија нападна воз од Киев за Варшава
-

Избрана нова влада на Косово, во ист состав како претходната
-

ДИК: Поднесени шест кандидатски листи за градоначалник на Општина Брвеница
-

Драматичен обид за бегство на криумчари кај Блаце, полицаец влечен за рака со возило
-

Старт на „Безбеден град“ во Велес, веќе за ден и пол околу 150 казни
