Од почетокот на јули 27 пожари во кочанско

Од почетокот на јули до денеска се во Кочани и околината се регистрирани 27 пожари од кои 21 биле на отворен простор, информираат од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) во градот.
Опасноста од појава на пожари значително е зголемена во текот на летниот период, а, како што посочуваат од ТППЕ, луѓето се главниот фактор за предизвикување на пожари. Надлежните од општина Кочани и ТППЕ во неколку наврати апелираа до граѓаните за поголемо внимание, најмногу до земјоделците кои ги палат стрништата.
- Во најголем број од случаите се работи за опожарување на стрништа и на сува вегетација. Од почетокот на годината досега се регистрирани 96 интервенции од страна на кочанските пожарникари, изјави Дејанчо Арсов, командир на кочанската територијална единица.
Кочанските пожарникари ја покриваат и територијата на општините Чешиново Облешево и Зрновци, и според изјавата на Арсов, и во овие општини се бележи зголемен број на интервенции.
Во Чешиново Облешево се регистрирани 10 пожари на отворено овој месец при што е зафатена опожарена површина од 25 ха. Со најголем обем биле пожарите во селото Теранци, како и оној помеѓу селата Бање и Спанчево, каде што е опожарена површина од 12 ха.
Според Арсов, голем број од пожарите се предизвикани поради палење на стрништата и вегетацијата, но и поради неисправност на механизацијата.
Ново на Сител
-

Ковачки: Го поседувам највисокиот национален безбедносен сертификат државна тајна, како и највисокиот НАТО сертификат
-

Украински беспилотни летала погодија хемиска фабрика во рускиот Тверски регион
-

Орбан: Украина е непријател на Унгарија, бараше да не добиваме руски енергетски резерви
-

Поранешниот израелски премиер Ехуд Барак повеќепати престојувал стан на Епстин во Њујорк
-

Браун: Кризата со лидерството на Стармер е „сериозна“
-

Жител на кавадаречко Возарци возел без возачка, полицијата му го одзела автомобилот
-

Три лица завршија во притвор: Кроеле план за одмазда на нивните браќа кои биле осудени за тероризам
-

Кумановци одбележуваат 82 години од загинувањето на народниот херој Христијан Тодоровски-Карпош
