Во ДИК се пријавиле 595 граѓани со спорни записи

Вкупно 595 граѓании заклучно со денеска до 13 часот се пријавиле во Државната изборна комисија (ДИК) за да го регулираат своето избирачко право.
Од пријавените, како што информираат од ДИК, 142 се обратиле во подрачните одделенија и канцеларии или во дополнителните канцеларии на Државната изборна комисија, додека 453 граѓани пријавувањето го оствариле преку веб - апликацијата на Комисијата.
На вкупно 39.502 граѓани не им се совпаѓаа податоците при вкрстените проверки за прочистување на Избирачкиот список и беа ставени на посебен список. Тие имаат рок до 19 август да се пријават до Државната изборна комисија (ДИК) за да го регулираат своето избирачко право и да достават валиден личен документ на проверка по што ќе бидат вметнати во Изборачкиот список.
Ново на Сител
-

Пронајдена марихуана при претрес во дом во Гостивар
-

Зголемена фреквенција на возила и поголем застој за влез во државата на граничните премини со Грција
-

Сончево и топло и следната седмица, поизразена локална нестабилност во среда и четврток
-

Пронајдена исчезнатата Бугарка на Шар Планина
-

Затвореник од Идризово загина откако се качил на бандера и фатил жица под напон
-

Запален автомобил кај Мавровка
-

Ангелов: Најкомплексен е пожарот кон НП „Пелистер“, нема повредени пожарникари
-

Македонскиот кугларски репрезентативец Стоклас постави Гинисов рекорд
