Живот
3. August 2016 - 12:00

Се запознале на интернет, а тој отпатувал на крајот на светот да ја види, но…

Александар Питер Кирк од Холандија преку интернет запознал една Кинеска во која веднаш се заљубил.
 
После два месеци допишување, тој не можел повеќе да чека, купил авионска карта и прелетал три илјади милји до една кинеска провинција за да ја запознае.
 
Четириесет и едногодишниот Холанѓанец очекувал дека Занг ќе го чека на аеродромот, но таа не се појавила ни во наредните десет дена.
 
Тој би ја чекал и подолго, но после десеттиот ден бил примен во болница поради исцрпеност.
 
Од друга страна, Занг го исклучила мобилниот телефон, бидејќи била на операција, а признава дека нивната “врска“ не секогаш и одговарала.
 
„Ја дигнавме врската на повисоко ниво, но подоцна стана малку безобѕирен спрема мене. Еден ден само ми испрати порака дека купил карти, а јас мислев дека се шегува. Подоцна не ме контактираше“ – признава таа.
 
Холанѓанецот откако излегол од болницата се вратил во својата земја, а еден од друг не се откажале – Кинеската изјави дека сигурно ќе се сретнат откако и двајцата ќе оздрават.