Во Скопје вчера 10 сообраќајки, деветмина повредени

Во текот на изминатиот ден на подрачјето на СВР Скопје се случиле 10 сообраќајни незгоди.
Самостојниот инспектор во СВР-Скопје Драган Вељаноски информира дека сообраќајната полиција вчера регистрирала 10 сообраќајни незгоди од кои 4 се со последица материјална штета, 9 со последици телесни повреди. Со полесни повреди се здобилe 6 лица.
Извршен бил увид на 9 сообраќајни незгоди од кои 4 со последица материјална штета, 9 со последици телесни повреди во кои со полесни повреди се здобиле 9 лица. Се случила и една незгода со непознат сторител.
Во текот на изминатиот ден од страна на сообраќајната полиција, откриени се поголем број прекршоци при што санкционирани се: 3 исклучени возачи кои управувале патничко моторно возило под дејство на алкохол, 7 возачи кои со возилата се движеле со брзина поголема од дозволената, 8 лица кои управувале патничко моторно возило без возачка дозвола, еден возач кој поминал на црвено светло на семафорите, а 9 пешаци кои сториле прекршоци по разни основи.
Затекнати се и 11 возачи кои за време на управување на велосипед со мотор, мопед и мотоцикл, не го носеле заштитниот шлем.
Ново на Сител
-

Сообраќајка меѓу три возила на експресниот пат Кочани-Штип
-

Пленковиќ ги отфрла обвинувањата за кршење на Уставот
-

646 казни на првиот ден од „Безбеден град“
-

Милановиќ: Владата ја киднапира земјата и бескрупулозно предизвикува поделби, Пленковиќ е најодговорен
-

Во Краљево приведен Македонец осомничен за пет грабежи
-

Сиљановска-Давкова на Светскиот самит на лауреати: Во науката нема мали и големи држави, туку само мали и големи идеи
-

Судење за пожарот во „Пулс“: Пирoтехника се користела и претходно, имало и контроли, но забавата не била прекинувана
-

Се расчистува поголем одрон од карпа на патот Градско-Велес наспрема ХИВ
