Јапонија ја одбележува 71. годишнина од експлозијата на атомската бомба во Хирошима

Со низа церемонии денеска во Јапонија се одбележува 71-та годишнина од првиот напад со атомска бомба во светот, што се случи на 6 август 1945 година во јапонскиот град Хирошима.
Главната церемонија се одржа во „Паркот на мирот“ во Хирошима, која започна со едноминутен молк во чест на жртвите на нападот. На цермонијата присуствуваа десетици илјади лица, како и делагации од 91 држава од целиот свет.
Во обраќањето на церемонијата, градоначалникот на Хирошима, Каѕуми Мацуи ги повика светските лидери да се заложат за нуклеарно разоружување и да го следат примерот на американскиот претседател Барак Обама и да го посетат градот.
Обама стана првиот претседател на САД во историјата, кој ја посети Хирошима и им оддаде почит на жртвите од американскиот нуклеарен напад во 1945 година.
При експлозијата на атомската бомба во Хирошима загинаа десетици илјади лица, а уште 140.000 починаа во следните неколку месеци како последица на радијацијата. На 9 август 1945 година, САД фрлија уште една атомска бомба, овој пат во јапонскиот град Нагасаки, при што загинаа над 70.000 лица.
Во обраќањето на денешната церемонија, јапонскиот премиер Шинѕо Абе изјави дека меѓународната заедница не смее да дозволи повторување на трагедиите во Хирошима и Нагасаки.
- Треба да на правиме се што е во наша моќ за да изградиме свет без атомско оружје, потенциа Абе.
Ново на Сител
-

Приведен 22-годишен скопјанец, му нашле производи без документација
-

Стратешка енергетска соработка: Божиновска на средба во Белата куќа со советник на Трамп
-

Извештај: Новиот ирански врховен лидер Моџтаба Хаменеи во тешка состојба во Ком
-

Денес се празнува Благовештение на Пресвета Богородица - Благовец
-

Тројца нови амбасадори ќе ги претстават платформите за дипломатските активности пред Комисијата за надворешна политика
-

Венс пристигна во Будимпешта
-

Во Вашингтон денеска Стратешки дијалог Македонија - САД
-

Иранската војска ги отфрла „арогантната реторика“ и заканите на Трамп
