Иванов се сретна со поранешниот бугарски претседател Петар Стојанов

Претседателот Ѓорге Иванов синоќа во Охрид оствари работна вечера со поранешниот бугарски претседател, Петар Стојанов, кој на покана на македонскиот претседател е еден од предавачите на шестата по ред Школа за млади лидери.
На средбата, Иванов и Стојанов размениле мислења за билатерални односи меѓу Република Македонија и Република Бугарија, како и за актуелните прашања од регионот.
Двајцата соговорници, соопшти Кабинетот на претседателот Иванов, се согласиле дека двете земји треба и во иднина да ги унапредуваат добрососедските односи, да соработуваат во сферата на евроатлантските интеграциски процеси, и во сите области кои се во интерес на мирот, стабилноста и развојот на регионот.
Стојанов се заблагодарил на поканата за учество, поздравувајќи ја иницијативата на претседателот Иванов за одржување на една ваква Школа за млади лидери, како и неговите лични заложби за надградување на образованието и лидерските способности на младите и талентирани луѓе од Република Македонија.
Ново на Сител
-

Планирана замена на радарот на Меѓународниот аеродром Скопје
-

Зголемен број на случаи на депресија во Романија: Празниците се психолошки товар за осамените
-

Му го попречиле патот две возила, едно лице од нив со рачка од пиштолот му го оштетил ветробранското стакло
-

Терористички напад во Сиднеј: Најмалку 12 мртви на плажата Бонди за време на прославата на Ханука
-

Високи функционери на ЕУ го осудија терористичкиот чин против еврејската заедница во Австралија
-

Мицкоски: Темата со мигранти е непостоечка, опозицијата сака да шири страв и паника
-

По пожар во два магацини во Гази Баба пронајдено опожарено тело
-

Мицкоски: Не кажав дека трезорот ќе се затвори на 15-ти
