Трајановски алелира да се помогне со механизација за расчистување на теренот

Екипи на Град Скопје и на јавните градски претпријатија и денеска се на терен во Сингелиќ и ги расчистуваат последиците од катастрофалното невреме што во саботата го зафати Скопје.
Градоначалникот Коце Трајановски изјави дека за расчистување на теренот е потребна механизација зашто не се доволни малите камиони-скипови и камионите и цистерните со кои работат.
- Апелирам до сите фирми и компании кои имаат помала механизација да се вклучат во расчистувањето и да ја стават на располагање. На терен има многу доброволци, мислам дека денеска има околу 500 граѓани и очекуваме овој број двојно да се зголеми. Тие со лопати и колички се вклучија во расчистувањето на куќите и на дворовите. И во текот на изминатата ноќ екипите беа на терен и ги расчистуваа непристапните улици. Апелирам граѓаните да покажат трпение и разбирање додека трае акцијата за расчистување. Свесни сме дека тие претрпеа огромни штети и ние вложуваме натчовечки напори да им помогнеме, изјави Трајановски во Сингелиќ.
Во расчистувањето на дворовите, додаде скопскиот градоначалник, најмногу се вклучени работници на градските јавни претпријатија, војската е вклучена и во делењето на хуманитарната помош, но има и многу граѓани кои дошле со своите трактори за да ги изнесат наносите од понепристапните дворови и места. Со поголеми камиони тие потоа се носат во депониите.
Град Скопје соопшти дека нивните екипи ќе останат на терен се додека не се создадат услови граѓаните да се вратат во своите домови.
Ново на Сител
-

Макрон предлага забрана за користење на социјалните мрежи за лица под 15 години
-

Реакција на адвокатката Ивана Коцевска на употребата на нејзиниот лик на транспарент на „Маршот на ангелите“ во Кочани
-

Дипломатската служба на ЕУ предупредува: Одборот за мир на Трамп концентрира премногу моќ и ги крши принципите на ЕУ
-

ЕХФ ЕУРО 2026: Франција надмоќна против Португалија, постигна 28 голови во едно полувреме
-

Трамп се закани со 100-процентни царини за Канада доколку склучи трговски договор со Кина
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е штетен за Македонија
-

Филипче: Вратите на СДСМ се ширум отворени за секој чесен социјалдемократ, за секој работник, за секој интелектуалец кој ѝ мисли добро на државата
-

Лажен „лекар од Словенија“ измамил 86-годишна жена од Виница за 30.000 евра
