Родителите ја притискале да затрудни, а таа им се одмазди вака

Ал од Австралија и Чика од Индонезија биле во брак три години, кога дознале дека чекаат беба. Родителите на Чика долго време го притискале парот да им подари внуче, а тие одлучиле да им приредат изненадување.
Во емотивното видео тие двајца објаснија дека сакале да сокријат бременоста од мајката на Чика, како би ја „казниле“ поради приговарањето во текот на годините.
Тие направиле интересно видео кое ја прати бременоста на Чика од првиот ден на бременоста. Снимале што таа прави дома во Австралија и со што занимава, цело време криејќи го нејзиниот стомак. Видеото вклучува купување на работи за Чика и бебето, посети на лекар и слично.
Како би успеала да го изведе изненадувањето, Чика им кажала на братот и сестрата, но не на своите родители. Тие збунето седеа и го гледале видеото, не сфаќајки што се случува додека не го видоа ултразвукот на бебето.
„Стомак! Таа е бремена!“, воодушевено извика нејзината мајка кога сфати што се случува и почна да плаче.
Потоа тие гледаат како Чика и Ал се пакуваат и тргнуваат на пат, прашувајќи се каде тргнале. Малку после тоа тие се појавуваат во дневната соба на родителите на Чика. Тогаш тргнува радоста помешна со солзи радосници.
На крај се гледа и раѓањето на синот на Чика и Ал, Бенџамин, како совршен крај на оваа преубава приказна.
Ново на Сител
-

Сиљановска - Давкова: Се обидов со најдобра намера да воспоставам контакт со опозицијата да објаснам дека дома мора да сме едногласни
-

ОН: Мај беше најсмртоносниот месец за украинските цивили од почетокот на војната
-

Рубио му порача на својот индиски колега: Сите бродови во Ормуската Теснина мора да ги следат наредбите на САД
-

Аксиос: САД и Иран денеска на виртуелен состанок електронски го потпишуваат новото примирје
-

Зеленски: Украина е подготвена да отвори шест кластери за интеграција во ЕУ
-

ИРГК: Договор со САД денеска нема да се потпише
-

Пјонгјанг: Прашањето за денуклеаризација е „неповратно завршено“
-

Сончево, температурата до 33 степени
