Соботка: Не сакаме во Чешка да имаме силна муслиманската заедница
Чешкиот премиер Бохуслав Соботка пред средбата со германската канцеларка Ангела Меркел в четврток кога ќе разговараат за неговиот предлог да се формира европска војска, изјави дека не сака во Чешка да се создаде силна муслиманска заедница, јави дописникот на МИА од Прага.
Во интервју за весникот ,,Право", тој рече дека со Меркел имаат многу теми за разговор со оглед на тоа дека негов приоритет е да имаат добри односи со соседите.
Во врска со пишувањата на медиумите дека главна цел за посетата на Меркел е ,,да ги убеди чешките политичари за примање на бегалци", Соботка рече дека секако ќе се разговара и за мигрантската криза.
- Не чекаат преговори со Турција, сакаме бројот на нелегални мигранти да се намалува. Имаме заеднички интерес со Германија, но имаме различно мислење за тоа како да се реши, оцени Соботка.
Тој додаде дека останува на ставот кој го има од почетокот на миграциската криза, дека земјите членки на ЕУ треба да имаат суверенитет кога одлучуваат за бројот на мигранти кои ќе ги примат.
- Не е можно да се генерализира дека секој бегалец е терорист. Но, исто така не е можно и да се има став како минатата година што го зазема Германија, дека без било какви контроли ќе се овозможи прилив на огромен број луѓе, рече Соботка. Тој смета дека справувањето со тој проблем е многу сложен и со приливот на бегалци е зголемен безбедносниот ризик.
- Ние тука немаме никаква силна муслиманска заедница и ако ја зборуваме вистината не ни сакаме таа овде да се создаде. Кога ќе погледнеме кој најчесто ги помага террористичките акции, ако тоа не се акции на поедини лудаци, тогаш тоа се потомци на мигранти кои дошле во Европа пред 15-20 години, вели Соботка.
Тој тврди дека се отвора прашањето за способноста на земјите за интеграција на луѓето кои доаѓаат од различна културна и верска средина како и прашањето за тоа зошто доаѓа до нивна радикализација.
Тој повтори дека е потребно формирање на заедничка европска војска, за да може да се реагира навреме кога постои потреба за заштита на европските граници.
Соботка најави дека на состанокот на Вишеградската група- В4 (Чешка, Словачка, Полска и Унгарија), на кој ќе присуствува и Германија во Варшава, чешката страна ќе отвори две приоритетни теми: зајакнување на безбедноста на граѓаните, борбата против тероризмот, против нелегалната миграција и соработка за економски проспeритет.
Ново на Сител
-

Иран, првпат по примирјето, ги нападна ОАЕ
-

Зголемување на цените на нафтата по нападот во ОАЕ
-

Три германски партии го напуштија Икс, тврдејќи дека шири пропаганда и дезинформации
-

Македонските кикбоксери блеснаа во Вараждин: 15 медали на ВАКО Европскиот куп и 4 медали на купот за почетници
-

Пожар во индустриска зона во ОАЕ по напад со дрон од иранско производство
-

Сиљановска-Давкова на панел со Макрон и Мелони: Европската интеграција на Западен Балкан е предуслов за ефикасна борба против трговијата со дрога
-

Муцунски: Во тек разговори со земји членки на ЕУ за летните гранични метежи
-

Владата ја почна кампањата „Мај - месец на Европа“ во соработка со европските партнери
