На „И-беј“ ce продава венчаница „полна со скршени надежи и соништа“

Саманта Вренг, неодамна разведена Британка од Честерфилд, одлучи да ја продаде својата венчаница преку „И-беј“ и притоа најискрено и најотворено да ги открие причините за разводот.
Бракот не потрајал долго. Младата невеста не стигнала ни да го испере фустанот, а дошло времето за развод, како што самата вели во огласот.
Описот на фотографијата гласи: „Таа е во одлична состојба, но неопходно е хемиско чистење за да се тргне миризбата на предавството“... Потоа таа наведува дека нејзиниот сопруг ја изневерил со друга во јануари.
- Доколку сакате фустан полн лоши спомени и скршени надежи и сни, ова е венчаница за вас - стои понатаму во описот.
Младата Британка сака да го продаде фустанот, којшто инаку, е во „Арт деко“ стил, за да може да го плати разводот. Се надева дека ќе го продаде за 600 евра. Нејзините родители пак, ни откриваат дека тој чини 2.000 фунти.
Понудите за венчаницата досега ја достигнаа сумата од 76.000 евра!
Ново на Сител
-

Еден-два победа за Мерцедес на отворањето на новата сезона во Формула 1
-

Жените во ЕУ земаат просечно 24,5% пониски пензии од мажите, во Македонија за 18,2%
-

„Права. Правда. Акција. За СИТЕ жени и девојки“ - кога правдата ќе потфрли, жените ја плаќаат цената
-

Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови
-

Променливо облачно, температури до 16 степени
-

Трамп го предупреди Иран дека ќе биде „силно погоден“ со нови напади
-

Техеран: Американски напад врз инфраструктура остави 30 населени места без вода
-

Јовановски останува во притвор уште осум дена
