Свет
25. August 2016 - 13:14

Авион принудно слета: Жена почина на летот

Авион Ербас А330-300 кој денеска летал на линијата Пекинг-Москва, принудно слетал откако една државјанка од Србија, поточно од Ниш, ненадејно починала за време на летот.

Пилотот решил да го спушти авионот бидејќи на жената многу и се слошило, а потоа откако авионот веќе застанал, за жал била констатирана смрт кај жената.

Жената чиј идентитет е непознат, била родена 1959 година.

Засега не е позната причината за ненадејното влошување на здравствената состојба и смртта.