Страшна експлозија во Ниш, активирана бомба под автомобил, тројца повредени
Три лица се повредени ноќеска при активирање на експлозивна направа во Душанова улица, потврди нишката Брза помош. Експлодирал бел „голф“ со врањански таблички под кој била поставена бомба која се активирала на потез.
Како што е соопштено, во 2.42 часот интервенирале три екипи на Итната помош кои згрижиле еден пациент со тешки повреди на потколеницата и стапалото, додека двајца имале полесни повреди на стапалата и грбот. Сите тројца се префрлени во Ургентниот центар заради дијагностика и лекување.
Според првите и неофицијални сознанија, бомбата експлодирала под автомобил - бел „голф“ со врањански таблички.
Неофицијално, од тројцата повредени, двајца биле минувачи. Студентот кој само тука минувал е сместен во нишката Градна хирургија, како и девојката со повредено стапало која потоа е пуштена на домашно лекување.
На другото повредено момче, кое во моментот на експлозијата ја отворило вратата на „голфот“, му е ампутирана ногата до колено, но не е животно загрозен.
според неофицијалните сознанија, возачот на „голфот“ и претходно и е познат на полицијата.
Ново на Сител
-
ЕК размислува за целосна конфискација на замрзнатите руски средства, Белгија изразува резерви
-
11-годишник тешко повреден откако паднал од прозор од трет кат во училиште во Прилеп
-
Бајден: Ја напуштив функцијата, но не и битката
-
Пет впечатливи моменти од церемонијата на инаугурацијата на Трамп
-
Криптовалутата на Трамп достигна пазарна вредност од 10 милијарди долари
-
Томовски: Потребно е да се набави нов државен авион, па и половен
-
24-годишник починат во када
-
Трамп ја врати Куба на листата на земји спонзори на тероризам