Дадилка од Македонија осудена на 5 години затвор во Британија
Триесет и осум годишна дадилка од Македонија која работела во Велика Британија е осудена на пет години затвор. Таа се обидела повеќе од 130 пати да го намести поранешниот партнер за силување и други кривични дела.
Според британските медиуми Сандра Даневска, која работела како дадилка во Хемерсмит, Западен Лондон, го следела нејзиниот поранешен партнер, го набљудувала неговиот дом, му се заканувала, па дури и ги напаѓала неговите девојки.
Taa била во куса врска со 45-годишниот Дарко Бариќ и тоа пред десет години, а потоа кога раскинале, тој мислел дека останале во пријателски односи. Но, пеколот започнал кога Дарко почнал да се гледа со други девојки. Сакајќи да му се одмазди, Сандра давала лажни сведочења и му направила пекол од животот.
Даневска, работела како дадилка со 60 различни деца. Таа вчера беше осудена на пет години затвор во судот во Ајлсворт Краун.
-Вие сте интелигентна жена, но за жал, сте ја искористиле вашата интелигенција за да му го направите животот на Дарко Бариќ апсолутна мизерија. Сте измачувале две од неговите девојки на сличен начин. Сте имале две куси врски со господинот Бариќ и потоа, како што мислел, сте останале пријатели. Но, кога тој почнал да излегува со други девојки, вие сте почнале континуирана кампања против нив, рекол судијата во образложението на казната.
Инаку Даневска е прогласена за виновна по сите три обвиненија за прогонување, меѓу кои сериозно вознемирување и две обвиненија за попречување на правдата.
Ново на Сител
-
Осветлена првата новогодишна елка во Грција за оваа година, традиционално во село на Халкидики
-
Аргентина: Три лица обвинети за смртта на Лијам Пејн
-
Херцог шокиран од насилните судири во Амстердам
-
АХВ апелира: Граѓаните да пријават во АХВ ако најдат угината дива птица од водните видови
-
Нови поплави во Шпанија, овој пат во Жирона
-
Орбан: САД предводени од Трамп ќе ја напуштат војната во Украина
-
Руд ван Нистелрој: Дојде време за промена
-
Лејкерси го испратија синот на Леброн Џејмс во Џи лигата