-->
-->
Новата шефица на ЕУЛЕКС стапува на должност
-->
Грчката дипломатка Александра Пападопоулоу денеска ја презеде функцијата шеф на Мисијата на ЕУ за владеење на правото на Косово (ЕУЛЕКС).
Амбасадорката Пападопоулоу, која го замени италијанскиот дипломат Габриеле Меучи, е висока грчка дипломатка со долгогодишно искуство на Балканот, а претходно на Косово беше шефица на Грчката канцеларија за врски во 2000 година, соопшти ЕУЛЕКС.
Таа неодамна беше постојан претставник на Грција во ЕУ во Брисел, како и генерална директорка за европски прашања при грчкото Министерство за надворешни работи за време на грчкото претседавање со Унијата во 2014 година.
Пападопоулоу била и заменик на постојаниот претставник на Грција во ОН и пет години била шефица на Грчката канцеларија за врски во Скопје.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации
-
Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата